Жан-Пол Пруст (; – ) — француски и моначки политичар, поранешен државен министер (шеф на владата) на Монако .
Функцијата ја извршува од 1 јуни 2005 (стапил еден месец подоцна од што требало заради смртта на НС Рение III), на која бил назначен три месеци пред тоа од страна на кнезот и француската влада. Како и сите државни министри на Монако, Пруст не израснал и не живеел во Монако.
Пруст долги години држел функции во државни служби. Најважните од нив биле префект на Гваделуп од ноември 1989 до јули 1991 и началник на полицијата на Париз од 2001 до 6 декември 2004.
На 8 април 2010 на функцијата го наследил Мишел Роже.
Наводи
Категорија:Политика на Монако Категорија:Шефови на влада Категорија:Државни министри на Монако Категорија:Историја на Гваделуп Категорија:Моначки политичари Категорија:Моначани