Пладневна починка (француски: La Sieste) ― слика од масло на платно од 1892-1894 година од Пол Гоген, сега во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк. Насликана е за време на првото продолжено патување на Гоген на островот Тахити.

Сликата е непретенциозна претстава на група Тахиќанки во западна облека што разговараат во ладната сенка на чардакот за време на жешкото попладневно сонце. Една од жените си пегла. Иако темата била аспект на секојдневниот живот, Гоген работел на платно во текот на долг период, правејќи неколку промени - торбата за пазарење во преден план, на пример, претходно било куче.

Наводи

Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1894 година