Дева или Осој (, старо Ντέβα, Дева или Ντέβας, Девас) — планина во Долна Преспа, Егејска Македонија. Практично претставува срт на Сува Гора.
Опис Планината е сместена во Преспа, меѓу Големото Преспанско Езеро на север и Малото Преспанско Езеро на југ. Дел е од Националниот парк „Преспа“. Во северното подножје е селото Нивици, во јужното е Винени, а во југоисточното е островското село Ахил. Највисок врв е Дева со 1.373 м. На југ е одвоена од планината Цуцул со реките Сотеска и Доскохангла. Реката Мијојца, која се влева во Големото Преспанско Езеро кај Нивици, ја дели Дева на два дела.
На картите на Грчката военогеографска служба од 1934 и 1945 г. врвот стои како Дева (Ντέβα). На картите на Националната статистичка служба на Грција (НСС) од 1963 и 1983 г. е спомената како Девас (Ντέβας).
Дева е сочинета од враовнички карпи. Во подрачјето има и многу езерски и планински пештери како Есенец 1 (Εσενέτς 1), Есенец 2 (Εσενέτς 2), Раксанец (Ρακσανμέτς, Ραξανέτς), Црна 1 (Τσέρνα 1), Црна 2 (Τσέρνα 2), Преображение (Ανάληψης), Бела Пештера (Μπέλα Πες, Άσπρη Σπηλιά), Цепурина (Τσεπουρίνα), Паралеица (Παραλέητσα), Ниски (Νίσκι), Света Богородица Елеуса или Свети Петар (Παναγίας Ελεούσας, Αγίου Πέτρου).
Врвови Врвовите на планината, дадени по висински редослед, се следниве: Име Грчки Висина(м) Местоположба Дева Νικηφόρου Ουρανού, Ντέβα, Ντέβας 1.373 во средиштето на планината Голе Μητσοπούλου Δημητρίου, Γκόλε 1.360 на главното било, јужно над Нивици Баба Νικηφόρου Ξιφία, Μπάμπα 1.360 во источниот дел на планината, над провлакот меѓу езерата Купта Падина Πετροκέφαλο, Κούπτα Πάδινο 1.249 Под Присоо 1.186 Κεδρώνας 1.160 Дреничето Κρανιά, Δρενίτσετο 1.119 североисточно над Нивици Триско Падина Τρίσκο Πάδινο 1.108 Свети Ѓорѓи Άγιος Γεώργιος 1.099 југоисточно над Нивици
Поврзано Сува Гора Долна Преспа
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Преспа (општина)