Четирска Река (, порано: Κόρε ρέκα, Горе Река; , во превод Шачка Река) — река во Костурско, Егејска Македонија и Деволско, Албанија. Таа е десна притока на Рулска Река (почеток на Бистрица). Реката е северна граница на планината Алевица од нејзиното навлегување на албанска територија до влевањето во Рулска Река.

Описан Извориштето на Четирската Река е во планината Гал’мбица (Алевица), под врвот Мала Алевица на 1.460 м.н.в., јужно од селото Ревани.

Реката ја напушта ридестата котлина кај Ревани на север и навлегува во длабока шумовита клисура на територијата на Албанија. Кај с. Брачани свртува на исток и правејќи голем свијок околу сртот Крастава (најсеверниот разгранок на Алевица), поаѓа обратно на југоисток и повторно влегува во Егејска Македонија. Четирска Река ја напушта клисурата кај с. Долно Папратско и навлегува во Четирското Поле кај с. Ошени.

Завршува како притока на Рулска Река кај с. Четирок и има вкупна должина од 43,7 км.

Револуционерот Георги Христов напишал за Четирска Река:

Имиња Во горното течение Четирска Река го носи денешното грчко име Потами (Ποταμοί, во прев. „Река“). Во делот околу сртот Крастава се нарекува Шак или Шаг истоименото село Шак, и Новоселска Река по името на поранешното Ново Село. Откако ќе излезе од клисурата кај с. Долно Папратско, го носи името Горе Река, што е грчко преиначување на македонското Горна Река. На 5 мај 1969 г. властите го смениле името од Κόρε ρέκα во Ανω Ρέμα со истото значење, но на грчки.

Поврзано Нестрамско Рулска Река

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Албанија Категорија:Нестрам Категорија:Костур (општина) Категорија:Девол Категорија:Бистрички слив (егејски)