1873  Славејко Арсов — истакнат македонски револуционер и војвода. 1153  Вилијам IX — гроф од Поатје. 1806  Јохан Каспар Мерц — австроунгарски гитарист и композитор. 1887  Маркус Гарви — јамајски политички активист. 1893  Ме Вест — американска глумица. 1902  Методија Андонов - Ченто — македонски револуционер — претседател на Президиумот на АСНОМ. 1911  Михаил Ботвиник — советски шахист, светски првак. 1920  Морин О'Хара — американска филмска глумица. 1923  Мира Ступица — српска и југословенска театарска и филмска глумица. 1930  Тед Хјуз — британски поет — сопруг на американската писателка Силвија Плат. 1935  Олег Табаков — советски и руски филмски глумец, директор на Московскиот уметнички театар. 1938  Теодорос Пангалос — грчки политичар. 1943  Роберт Де Ниро — американски глумец и режисер. 1952  Нелсон Пике — бразилски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“. 1953  Драган Киќановиќ — српски и југословенски кошаркар. 1954  Здравко Боровница — српски фудбалер. 1957  Раби Абу Халил — либански музичар. 1957  Ален Исламовиќ — босански рок-музичар. 1960  Шон Пен — американски глумец и режисер. 1964  Зоран Костиќ — српски рок-музичар. 1970  Џим Куриер — американски тенисер. 1971  Филипо Симеони — италијански велосипедист. 1975  Лујџи Мастранџело — италијански одбојкар. 1977  Тјери Анри — француски фудбалер. 1977  Вилијам Галас — француски фудбалер. 1978  Јелена Карлеуша — српска пејачка. 1993  Едерсон Мораес — бразилски фудбалски голман. 1996  Хамиш Кер — новозеландски атлетичар. 1999  Тајрел Маласија — холандски фудбалер. 17 август