Генерал Карера () — една од четирите покраини на чилеанскиот регион Ајсен (XI). Главен град на покраината е Чиле Чико.
Географија и население
Според пописот од 2017 година спроведен од Националниот статистички институт (INE), покраината имала население од 7.531 жители. Таа е шеста најмалку населена покраина во државата..
Управа
Како покраина, Генерал Карера е второстепена административна единица, предводена од назначениот гувернер.
Општини
Покраината се состои од две општини: Рио Ибањес и Чиле Чико.
Наводи
Надворешни врски Влада на Генерал Карера
Категорија:Покраини во Чиле