Киро Љубев Настески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По занимање бил земјоделец. Како симпатизер на народно ослободителното движење и определен за борба против окупаторот, во есента 1943 година, тој станал борец во Првата македонско-косовска бригада, заедно со својата сестра Мирка. Со Бригадата заминал во егејскиот дел на Македонија, и учествувал во Февруарскиот поход. По тешките борби кај Богомила, се одвоиле со дел од четата на Август и на враќање, биле фатени во селото Крапа и стрелани заедно со сестра му Мирка и други пет борци на 12 февруари 1944 година кај селото Барбарос.
Поврзано
Мирка Настеска Масакр кај Барбарас Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ