Балтакова Чука () — врв на Малешевските Планини помеѓу Беровско во Македонија и Петричко, Пиринска Македонија. Се издига на висина од 1.226 м на главното планинско било, јужно од врвот Чукара. Сочинет е од метаморфни карпи. Има куполест облик со стрмни источни и југоисточни падини кои се спуштаат кон долината на реката Лебница.

Низ Балтакова Чука минува државната граница меѓу Македонија и Бугарија.

Поврзано Малешевски Планини Лебница (река)

Наводи

Категорија:Врвови во Македонија Категорија:Чуки во Македонија Категорија:Врвови во Пиринска Македонија Категорија:Малешевски Планини Категорија:Општина Берово Категорија:Општина Петрич Категорија:Македонско-бугарска граница