Тривко Ристов Павлески ( во — во близина на ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Споменик од НОБ, на кој е испишано името на Тривко Павлески

Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство. Окупацијата на Македонија го затекнала во своето село. Согледувајќи ги намерите на окупаторот, се определил за борба и како напреден младинец почнал соработка во воспитните групи. Активно помагал во позадината, а од летото 1943 година, тој постанал партизан во Групата Баталјони. Од слободно Кичево, во септември 1943 година, заедно со својот соселанец и другар, Мирко Милески, заминал на Буковиќ да ја брани слободната територија. По борбата на превојот Буковиќ, повлекувајќи се и држејќи отстапница, загинал на 2 октомври во близината на Кичево.

Поврзано

Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ