Игра на лигни (корејски: 오징어 게임, рев. романизација: Ojing-eo Geim) — јужнокорејска драмска телевизиска серија, достапна на Netflix. Сценарист и режисер е Хванг Донг Хјук, додека главните улоги ги играат Ли Џонг Џе, Парк Хе Су, Хо Јон Џунг и Ви Ха Џун. Серијата раскажува приказна за група од 456 луѓе што се поканети да го ризикуваат животот во загадочна игра за преживување со награда од 45,6 милијарди вони (38,7 милиони американски долари). Насловот се однесува на играта на лигни, последната од шесте игри што ја одигруваат учесниците. Била објавена на 17 септември 2021 година ширум светот од дистрибутерите на Netflix. Серијата добила многу потврдни осврти, и за една недела била една од најгледаните програми на Netflix на неколку обласни пазари.

Производството на втората сезона започнало во јули 2023 г., а било објавено на 26 декември 2024 г. Третата и последна сезона излегла на 27 јуни 2025 г.

Глумци и улоги

Главен состав Броевите во загради го означуваат доделениот број на ликот во играта на лигни. Ли Џонг Џе како Сонг Ки Хун (бр. 456) — шофер и коцкар. Живее со мајка му и се обидува да обезбеди финансиска поддршка за неговата ќерка, Га Јонг. Учествува во играта за плаќање долгови кон доверителите. Парк Хе Су како Чо Санг Ву (бр. 218) — шеф на инвестициска група во холдинг-компанија. Пријател на Ки Хун и надарен студент што дипломирал на Сеулскиот универзитет. Полицијата го бара Санг Ву за крадење пари од клиенти. Ви Ха Џун како Хванг Џун Хо — млад полицаец што се прикрадува во играта за да го пронајде својот исчезнат брат. Хо Јон Џунг како Канг Се Бјок (бр. 067) — млада бегалка од Северна Кореја на која ѝ требаат пари за посредник за да ја пронајде и пренесе својата мајка во Јужна Кореја, која сè уште е во Северна. О Јонг Су како О Ил Нам (бр. 001) — постар човек со тумор на мозокот што повеќе сака да игра отколку да чека смрт во вистинскиот свет. Хо Сонг Те како Џанг Док Су (бр. 101) — гангстер што загубил огромна сума пари во казино и им должи на доверители. Анупам Трипати како Абдул Али (бр. 199) — гастарбајтер од Пакистан. Се приклучува на играта за да ја обезбеди својата сопруга и едногодишниот син. Ким Џу Рјон како Хан Ми Нјо (бр. 212) — хистерична и лукава жена што себеси се нарекува сиромашна самохрана мајка.

Спореден состав

Учесници во играта

Ју Санг Џу како Пјонг Ги (бр. 111) — доктор кој, во замена за информации за претстојните игри, тајно соработува со група поткупливи стражари што тргуваат со органите на загинатите учесници. Ли Ју Ми како Џи Јанг (бр. 240) — млада девојка што штотуку излегла од затвор откако отслужила казна за убиството на нејзиниот татко напаѓач. Ким Си Хјан како играч 244 — свештеник што ја враќа вербата во Бога додека игра. Ли Санг Хи како играч 017 — дувач со 30-годишно искуство во фабрика за стакло. Ким Јан Те како играч 069 — играч што учествува во играта со својата сопруга, играчот 070. Ли Џи А како играч 070 — играч што учествува во играта со нејзиниот сопруг, играчот 069. Квак Џа Хјон како играч 278 — играч што се приклучува на сојузот на Док Су и делува како негов послушник. Крис Чен како играч 276 — играч што се приклучува на сојузот на Док Су за време на играта со затегнување.

Други

Ким Јонг Ок — мајката на Ки Хун. Чо А Ин како Сонг Га Јонг — ќерката на Ки Хун. Кан Мал Гун — поранешната сопруга на Ки Хун и мајка на Га Јонг. Пак Ху Џин — мајката на Санг Ву. Пак Си Ван како Канг Чеол — помладиот брат на Се Бјок.

Посебно појавување

Конг Ју — продавач што ги избира учесниците за играта (епизода 1 и 9). Ли Бјонг Хан — Поглаварот/Хванг Ин Хо (епизоди 89). Ли Џунг Џун — стражар (епизода 3). Џефри Џулијано — ВИП-личност бр. 4 (епизода 7).

Епизоди

Сезона 1 Бр.Македонски насловИзворен насловРежијаСценариоПрвично прикажување1„Црвено светло, зелено светло“„Red Light, Green Light (무궁화 꽃이 피던 날)“Хванг Донг ХјукХванг Донг Хјук17 септември 2021 Сонг Ки Хун е мрзлив шофер што обожува коцкање. Тој живее со својата мајка. Сонг е бркан од неговите доверители и постојано се разочарува себеси и неговата ќерка — која сега живее со нејзината мајка и друг маж — бидејќи никогаш нема пари да направи нешто забавно со неа. Потоа во метрото се среќава со стопанственик што му дава посетница и му вели дека може да заработи многу пари доколку учествува во една игра. Ки Хун се предава, и без свест е однесен со комбе на оддалечен остров. На островот, тој се буди во голема просторија со кревети и уште 455 луѓе. Сите носат иста тренирка со број на неа. Самиот Ки Хун е број 456. Прикриените мажи им велат на 456-те луѓе дека сепак можат да си заминат ако сакаат, но тие остануваат. Во просторијата, тие треба да потпишат изјава за согласност, со три реда:

Играчот не смее да престане да игра Одбивањето игра значи отстранување Играта завршува ако мнозинството се согласи

По потпишувањето на договорот и фотографирањето на играчите, 456-те играчи се сместени на голема површина со ѕидови, каде што ја играат детската игра „црвено светло, зелено светло“ против голема кукла. Тие мора да се обидат да го минат теренот во рок од пет минути (кога куклата ќе викне: „Зелено светло!“) и не смеат да се движат откако куклата ќе се сврти в лице и ќе викне: „Црвено светло!“ Играчите се изненадени и ја започнуваат играта со насмевка. Меѓутоа, првиот играч што се движи на повидок на куклата не е само „отстранет“, туку е убиен врз основа на сетилници за движење. По првата жртва, настанува голема паника, и многу играчи умираат. Останатите играчи продолжуваат да играат. Ки Хун успева да го направи преминувањето благодарение на советите на играчот 218 — Чо Санг Ву, (пријател што го знае од порано), и физичката помош на играчот 199. По пет минути, секој што не ја минува линијата е застрелан. Преживеаните се разочарани. Бр.Македонски насловИзворен насловРежијаСценариоПрвично прикажување2„Пекол“„Hell (지옥)“Хванг Донг ХјукХванг Донг Хјук17 септември 2021 201-те играчи што ја преживеале играта првично не сакаат да продолжат да играат и повикуваат на линија 3 од претходно потпишаната изјава за согласност. Меѓутоа, кога ќе слушнат колку е паричната награда во оваа етапа од играта и дека само ќе се зголеми, некои од играчите почнуваат да се сомневаат. На крајот се гласа и играта завршува со тесно мнозинство од 101 спрема 100. 201-те играчи се исфрлени од свест и вратени таму од каде што дошле. Излегува дека за многу играчи животот не е многу подобар отколку на островот. Ки Хун ја носи посетницата на стопанственикот во полиција за да им каже што се случило, но полицајците му се смеaт. Кога тој потоа оди да ја бара својата мајка, таа излегува дека е сериозно болна. Потребни се многу пари за да се плати нејзиното лекување. Покрај тоа, се чини дека семејството на неговата поранешна сопруга и неговата ќерка се селат во Америка. Кога ќе најде посетница на играта по враќањето дома, тој одлучува да продолжи да игра, и повторно е земан со комбе однесен на островот. Неколку други играчи исто така имаат свои причини за враќање во играта. Полицискиот службеник Хванг Џун Хо ја слуша приказната на Ки Хун. Неговиот брат е исчезнат, и во неговиот стан тој наоѓа посетница, исто како онаа што Ки Хун се појавил во полициската станица. Тој одлучува да го следи Ки Хун кога ќе го однесе комбето. Бр.Македонски насловИзворен насловРежијаСценариоПрвично прикажување3„Човекот со чадорот“„The Man with the Umbrella (우산을 쓴 남자)“Хванг Донг ХјукХавнг Донг Хјук17 септември 2021 Агентот Хванг Џун Хо успева да слета на островот неоткриен, заземајќи го местото на прикриен стражар (стражар 29). Од 201 играч што претходно ја напуштиле играта, 187 се вратиле на островот. За успешно завршување на следните пет игри, Ки Хун станува сојузник со Санг Ву (бр. 218), играчот 199 и играчот 001 — старец за кого Ки Хун развива мека точка. Играчот 067 истражува и открива дека следниот натпревар има врска со стопен шеќер. Таа му го кажува ова на Санг Ву. Од нејзиното потекло од Северна Кореја, шеќерот не значи ништо за неа. Санг Ву веднаш се сомнева за играта, но не им кажува на своите сојузници. На почетокот на втората игра, сите играчи мора да изберат фигура: круг, ѕвезда, триаголник и чадор. Санг Ву предлага секој од екипата да стои во различен ред, тој самиот избирајќи го триаголникот. Мора да проголтне кога неговиот пријател Ки Хун ќе го избере чадорот, но не се меша. Откако изборот е направен, секој играч добива сад од калај со далгона внатре (корејски производ од мед). Играчите имаат 10 минути да користат игла за да ја извадат фигурата од далгоната неоштетена. Оние што не успеваат ќе бидат застрелани. Се чини дека триаголникот е најлесен да се отстрани. Ѕвездата, кругот и особено чадорот се значително потешки. Случајно, Ки Хун открива дека ако ја лиже далгоната, наместо да користи игла, може да ја направи далгоната доволно тенка на местото на линиите за да ја извади фигурата на чадорот од далгоната неповредена. Останатите тројца сојузници, исто така, успеваат да ја отстранат својата фигура во целост. Бр.Македонски насловИзворен насловРежијаСценариоПрвично прикажување4„Држи се до екипата“„Stick to the Team (쫄려도 편먹기)“Хванг Донг ХјукХванг Донг Хјук17 септември 2021 79 играчи се отстранети од играта со далгона. Дополнителни пари одат во наградниот фонд за секој отстранет играч. Играчот 271 се кара со играчот 101 во просторијата со кревети и е претепан до смрт. Ки Хун е шокиран и ги повикува прикриените стражари за правда, но наместо правдата, телото на играчот 271 се отстранува и дополнителни пари влегуваат во касата. Играчите се запрепастени и се подготвуваат за убиство меѓу себе. Кога светлата ќе се изгаснат ноќе, играчот 101, Док Су, и неговите сојузници ја искористуваат шансата да отстрануваат повеќе свои колеги играчи. Кога крвопролевањето конечно ќе биде запрено од прикриените стражари, 80 играчи сè уште се живи. При отстранување на убиените играчи, еден од прикриените стражари — стражар 29 — му шепоти на увото на Ки Хун дали има играч по име Хванг Ин Хо. Сфаќајќи дека не ги знае имињата на другите играчи од екипата, Ки Хун ги прашува како се викаат за да се запознаат подобро. Во меѓувреме, играчот 212, Хан Ми Нјо, постара жена со голема уста, се приклучува на сојузот на бр. 101 (Док Су). Имаат полов однос во туш-кабината, а играчот 212 има ветување од Док Су дека ќе си помагаат едни на други до крајот на играта, во спротивно таа ќе го убие. За следната игра, самите играчи треба да направат осум екипи од по 10 играчи. Док Су го исклучува играчот 212 од неговата екипа, бидејќи таа не е мускулест дечко. Таа се засолнува во екипата на Ки Хун. Кога ќе се соберат екипите, излегува дека на дневен ред е игра на тегнење. Две екипи наизменично одат до платформа на голема надморска височина со јама во средината. Секоја екипа мора да се обиде да ја повлече екипата спроти нив во бездната. Екипата на Ки Хун вклучува три жени и стариот бр. 001, и мора да се соочи со десет дебели мажи. Меѓутоа, стариот бр. 001 има тактика. Бр.Македонски насловИзворен насловРежијаСценариоПрвично прикажување5„Справедлив свет“„A Fair World (평등한 세상)“Хванг Донг ХјукХванг Донг Хјук17 септември 2021 Иако не се физички најсилната екипа, екипата на Ки Хун успева да победи во јажето со тактичка игра. Останатите 40 играчи здивнуваат и парите повторно се додаваат во касата. Некои прикриени стражари тајно заработуваат пари со продажба на органи од починати играчи. Во тоа им помага играчот 111, кој е доктор. Во замена за неговата помош, пред секоја игра, тој добива поим како да ја преживее следната игра. Меѓутоа, мажите се расправаат и ги откриваат другите прикриени стражари и нивниот водач, Поглаварот. За казна, играчот 111 е отстранет, како и стражарите вклучени. Кога сите преостанати стражари треба да одат на повик, се чини дека стражарот 29 недостасува. Агентот Хванг Џун Хо открива соба на островот, со папки со архиви за играта на лигни. Папките покажуваат дека оваа игра трае со години, секојпат со нови играчи. Тој наоѓа архиви што потекнуваат од 1988 година и открива дека неговиот брат го освоил изданието во 2015 година.