Живко Дичов Секулоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегувал од селско сиромашно семејство. Се занимавал со чување овци. Како симпатизер на народно ослободителното движење, се определил за борба против окупаторот ѝ во летото 1943 година стапил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред, а во 1944 година бил во редовите на Шестата македонска бригада. Во борбите што ги водела Бригадата, тој се истакнал како храбар борец, добил чин и станал командир на одделение. Станал член на СКОЈ и учествувал на Сремскиот фронт каде загинал при пробојот на фронтот кај Дуго Село, во април 1945 година.
Поврзано
Илија Секулоски Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ