Мане Мишев Симјаноски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По занимање бил земјоделец. Поради тешкиот живот заминал на работа во Суботица каде бил пекарски работник и членувал во УРС-овите синдикати. По окупацијата, тој се вратил во своето село кое било под бугарска окупација. Во селото, тој прво почнал активно да работи во СКОЈ, а потоа во Партиската организација. Прибирал оружје, храна и други материјали за потребите на НОВ. Во јануари 1944 година, бил повикан на воена вежба во бугарската војска во Прилеп, од каде избегал и се приклучил на редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во егејскиот дел на Македонија. Загинал во април 1944 година, на враќање од Февруарскиот поход, во борба против бугарските фашисти, кај селото Завој, Охридско.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Луѓе од Лисичани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ