Михаил Корубин (роден 11 април 1986 во Скопје) ― македонски сликар.

Корубин е трета генерација на македонски сликари, неговиот дедо уметникот Миле Корубин и неговиот татко уметникот Рубенс Корубин.

Има излагано на повеќе групни и самостојни изложби во Скопје, Њујорк, Торонто, Сен Пол де Ванс, Софија итн.

Образование Михаил завршил на Академијата за ликовна уметност - Скопје, како и постдипломски студии отсек сликарство во класата на Проф. Благоја Маневски.

Творештво

Според списанието „Style.No.Chaser“, за Михаил е напишано „Комбинира стилови и техники за да развие примамливи текстури кои се речиси кинематографски по изглед. Михаил го негува фактот дека пораснал во дом каде што уметноста беснеела, а неговите рани уметнички спомени од детството, вградени некаде во главата, понекогаш мистериозно се појавуваат во неговата работа денес.

Тој има создавано колоритни и експресивни портрети во масло и акрилик на платно кои доловувале суптилни гестови кои лесно може да се земат здраво за готово во секојдневните интеракции. Сепак, во неговите дела, овие кратки погледи и движења зборуваат за рамката на умот на една личност. Суштината на неговите дела била да го спои реализмот со апстракцијат, чинејќи се дека лебдечките форми и размачканите бои го формираат говорот на телото на субјектите исто колку и нивните физички одлики.

Корубин е творец на правец на уметнички геометриски симболи кои ги има наречено „Артокенс“.

“Артокенс” кој е кованица од два збора “Арт” и “токен” кои што на кратко би значеле уметнички симболи. Артокените се артистичка репрезентација на одредени и одбрани зборови кои означуваат чувства, емоции, карактери, природни појави итн. Секогаш создадени и оформени од скоро совршени едноставни геометриски форми, како круг, триаголник, квадрат и слично.

Околу самите симболи, Михаил се има искажано во септември 2021: Преку тие форми целта ми е да обработам еден збор во еден минималистички запис објаснувајќи го неговото дејство со кое би му дал значење во форма на симбол. Сите „Артокени“ се цртани рачно од мене и се претворени во лимитирани едиции на цртежи“.

Проекти Михаил има работено на повеќе музички проекти и концерти како и арт едиции за вино со негов потпис.

Приватен живот Михаил Корубин е оженет со македонскиот музички уметник Каролина Гочева.

Наводи

Надворешни врски Службена страница на Михаил Корубин Службен профил на Instagram на Михаил Корубин Профил за Михаил Корубин на artistaday.com Профил за Михаил Корубин на artgalaxie.com

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Македонски сликари Категорија:Луѓе со потекло од Прилеп