Свети Атанасиј — помала селска црква во гевгелиското село Петрово, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на самиот влез во селото, десно од асфалтниот пат.

Историја

Црквата била најпрвин дел од манастирот „Св. Атанасиј“, кој во 1980 година се срушил поради старост и неодржување. Неодамна, на неговите темели била подигната денешната црква. Црквата била подигната од страна на Васил Марков од селото Петрово.

Архитектура

Според својот архитектонски облик, црквата претставува еднокорабна црква.

Галерија

Поврзано Гевгелиско архијерејско намесништво Миравска парохија Петрово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Петрово Петрово