Пејоратив — збор или граматички облик што изразува негативна или непочитувана конотација, ниско мислење или недостаток на почит кон некого или нешто. Исто така се користи за изразување критика, непријателство или игнорирање. Понекогаш, поимот се смета за пејоративен во некои општествени или етнички групи, но не и во други, или може да биде првично пејоративен, но подоцна прифаќа непејоративна смисла (или обратно) во некои или сите контексти.

Етимологија Зборот пејоратив потекнува од минатиот партицип во доцниот латински peiorare, што значи „да се влоши“, од peior „полошо“.

Семантичка промена Понекогаш некој збор или поим првично може да се користи како пејоративен збор, а потоа да добие непејоративно значење и обратно. Во историската лингвистика, оваа појава е позната како пејорација и мелиорација, или семантичка промена.

Образување пејоративи во македонскиот јазик Во македонскиот јазик, пејоративите најчесто се образуваат со наставките: – е, -ле, – ло, – ко. На пример: воле, ушле, забле, вошло, смрдло, плачко, влечко.

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Pejorative Language on Internet Encyclopedia of Philosophy

Категорија:Погрдни зборови Категорија:Критика Категорија:Малтретирање Категорија:Лингвистика