алт=Калатеја зебрина|мини|Калатеја зебрина Калатеја зебрина (Calathea zebrina) — вид на растение од семејството Marantaceae, потекнува од југоисточен Бразил.Rafinesque, Constantine Samuel. 1838. John Lindley. Sims, John. 1817. Под синонимот Goeppertia zebrina, ова растение се здобило со Награда за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно здружение.
Етимологија Латинскaтa биномна номенклатура зебрина значи „со ленти како зебра“.
Опис Тоа е зимзелено повеќегодишно растение, кое расте до еден метар. Долгите стебленца до 30 см носат елипсовидни лисја од 45 см или подолги. Листовите се темно зелени одозгора, темно црвени одоздола, боцките, вените и рабовите се гравирани во зелена боја.
Одгледување Тоа е растение на кое му е потребно минимална температура од 16 °C, и во умерени области се одгледува во затворен простор како домашно растение. Нормалната собна температура, што е околу 20 °C, е соодветна температура за ова растение во текот на целата година. Претпочита место убаво осветлено, но не толерира директно сонце. Почвата треба да се одржува влажна во текот на летото, кога не може да толерира суша. Прихраната може да се дава секоја втора недела во текот на сезоната на растење од пролет до есен, но без додаток во текот на зимата. За да им дадете на растенијата пријатна влажност, може да се тушираат со млака вода што е можно почесто. Пресадувањето се одвива кога е потребно во текот на пролетта.
Наводи
Категорија:Флора на Бразил Категорија:Собни растенија