Демир Капија () — седло на планината Пирин, на границата помеѓу општините Банско и Свети Врач, Пиринска Македонија. Сместено е на височина од 2.480 м во северниот дел на Пирин, на главното било меѓу врвовите Џано и Демиркаписки Чуки. Има гранитна геолошка основа.</ref> Позната е и под името Демиркаписка Порта. За време на Преродбениот процес на НР Бугарија преименувана е во Железна Врата (Желязна врата), но тоа име не било прифатено од мештаните и посетителите.

Низ Демир Капија поминува патеката од планинарскиот дом „Гоце Делчев“ до планинарскиот дом „Пирин“ (обележана со зелено). Ова некогаш бил важен превој, највисоката точка на една од двете главни винарски патеки меѓу Разлошката Котлина и Мелник.

Поврзано Џано Демиркаписки Чуки

Наводи

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Пирин Категорија:Општина Банско Категорија:Општина Свети Врач