„Сатаната не постои“ или „Не постои зло“ (персиски: شیطان وجود ندارد = Сатаната не постои) — иранско-германско-чешки филм од 2020 година, во режија на Мохамад Расулоф, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Баран Расулоф, Махтаб Сервати, Џила Шахи, Ехсан Мирхосеини, Мохамад Вализадеган, Кавех Ахангар, Реза Бахрами, Кавех Ебрахим, Алиреза Зарепараст и Мохамад Седигимер. Филмот, кој бил забранет во Иран, а режисерот го снимил тајно, освоил повеќе меѓународни награди, меѓу кои и „Златната мечка“ и наградата на екуменското жири на Берлинскиот филмски фестивал.HRT, Zlo ne postoji, iransko-njemačko-češki film (12) - Večer tisuću nagrada (пристапено на 19.10.2021)
Синопсис Филмот се состои од четири дела кои ја обработуваат истата тема: дали човекот треба да учествува во извршувањето на смртната казна? Во првиот дел се прикажува секојдневието на еден маж, кој се однесува добро кон семејството и кон соседите, а потоа рамнодушно ја извршува својата работа — го спроведува бесењето на осудените на смрт. Втората приказна се однесува на еден војник, кој не сака да учествува во извршувањето на смртната казна. Затоа, тој бега од касарната, се среќава со својата девојка и заедно го напуштаат градот. Во третиот дел, еден војник добива тридневно отсуство за да присуствува на роденденот на својата девојка. Таму, тој дознава дека умрел еден млад човек кого кого семејството на девојката го криело од полицијата. Кога ја здогледува неговата фотографија, војникот сфаќа дека токму тој го убил човекот. Поради тоа, тој се обидува да се удави во реката, но не успева. За време на прославата на роденденот, тој ја бара девојката за жена, но утредента таа ја раскинува врската. Во последниот дел, млада девојка која студира медицина во Германија, го посетува својот стрико кој живее повлечен живот во Иран. Тој е смртно болен и крие една тајна која сака да ја сподели со девојчето: своевремено, тој одбил да учествува во извршувањето на смртна казна, а со тоа ги загубил можностите да работи како лекар; тој е биолошкиот татко на девојчето кое го испратил да живее со неговиот брат, кој цело време се претставувал како татко не девојчето.
Наводи
Категорија:Ирански филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Чешки филмови Категорија:Филмови на персиски јазик Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Филмови на Мохамад Расулоф Категорија:Филмови со Баран Расулоф Категорија:Филмови со Махтаб Сервати Категорија:Филмови со Мохамад Седигимер Категорија:Филмови со Џила Шахи Категорија:Филмови со Ехсан Мирхосеини Категорија:Филмови со Мохамад Вализадеган Категорија:Филмови со Кавех Ахангар Категорија:Филмови со Реза Бахрами Категорија:Филмови со Кавех Ебрахим Категорија:Филмови со Алиреза Зарепараст