Радишко — археолошко наоѓалиште кај скопската населба Радишани, Општина Бутел. Претставува некропола од доцноантичкото време.

На блага падина јужно од патот Радишани - Кучевиште, во нивата на Ж. Никиќ во 1969 г. е откриена гробница од типот на циста, во која биле вградени две надгробни стели со латински натпис. На површината на нивите се среќаваат камени плочи од гробни конструкции. Според податок од 1996 г. Стелите се чуваат во дворот на семејството Никиќ.

Поврзано Во Селото — осамен наод од римско време Голем Град — осамен наод од римско време Катастарска Парцела 781 — населба од римско време

Наводи