Василе Ладомиров Трпески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Василе Трпески. лево|мини|Спомен обележје на НОБ во Попоец.
Животопис Потекнувал од селско семејство кое се занимавало со земјоделие. Василе имал можност да ја запознае положбата во Кралството Југославија, а по окупацијата се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во летото 1943 година, тој отишол партизан во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред кој дејствувал низ Копачијата. Учествувал во повеќе дејствија на одредот. Во септември 1943 година, од слободно Кичево, со неколку другари со воз се упатиле кон Буковиќ со воен материјал непосредно пред битката на 1 октомври. Кај селото Бериково, возот бил нападнат од балистите, а Василе бил заробен и убиен на ѕверски начин заедно со повеќе свои другари.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ