Манастирче — археолошко наоѓалиште кај селото Тројаци, Прилепско. Претставува населба од римско време.

На околу 500 м југоисточно од селото, покрај патот за селото Царевиќ, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси.

Поврзано Василички Гробишта — некропола од римско време Грамаѓе — населба од римско време Дебел Рид — осамен наод (монети) од римско време Ракида — некропола од железно време Ридот — неолитска населба Солишта — осамен наод (монети) од доцноантичко време Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римско време Црквиче — осамен наод од римско време

Наводи