Таќо Митанов Цветаноски (во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ. лево|мини|Спомен обележје на кое се наоѓа ѝ името на Таќо Цветаноски. лево|мини|Спомен обележје на НОБ во Попоец.

Животопис Потекнувал од селско сиромашно семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Некое време работел како служител во основното училиште во селото Попоец. Определен за борба против окупаторот, уште во текот на есента 1942 година почнал активно да го помага народно ослободителното движење, а во летото 1943 година стапил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со одредот учествувал во повеќе борби, а во септември 1943 година, од слободно Кичево, со воз бил испратен со воен материјал на Буковиќ каде што била четата за одбрана на слободната територија на Македонија. Бил заробен од балистите и убиен во селото Бериково во октомври 1943 година.

Поврзано

Василе Трпески Кичево и Кичевско во НОВ

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ