Армандо Броја (роден на 9 октомври 2001, во Слау) — албански фудбалер, напаѓач на Барнли и на албанската репрезентација.
Биографија Броја е роден во Слау, Англија од родители Албанци, по потекло од Голема Малесија. Иако целиот свој живот живее во Англија, тој одлучил да ја претставува Албанија на репрезентативно ниво.
Технички одлики Напаѓач познат по своите движења, опремен со добра физичка сила и одлично чувство за гол. Исто така, многу вешт во напаѓање во длабочина.
Клупска кариера Израснал во младинските категории на Тотенхем и Челси. На 26 февруари 2020 година, Броја го потпишал својот прв професионален договор со Челси согласувајќи се на двегодишна верност кон лондонската екипа. На 8 март 2020 година, тој го направил своето деби за првиот тим на сините во победата на домашен терен со 4–0 против Евертон, откако влегол како замена во 86-тата минута на местото на Оливје Жиру.
На 18 јули 2021, Броја потпишал нов петгодишен договоро со клубот.
На 21 август 2020 година, Броја се преселил во холандската екипа Витесе на едносезонска позајмица. На 19 септември 2020 година, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 2–0 над Спарта Ротердам. Броја ја завршил својата позајмица во Витесе како нивен најдобар стрелец во Ередивиси за сезоната 2020–2021 (изедначен со Лоис Опенда), постигнувајќи десет гола.
На 10 август 2021 година, Броја се вратил во Премиер лигата каде бил позајмен на Саутхемптон за сезоната 2021–2022. На своето деби на 25 август, тој постигнал два гола во убедливата победа од 8–0 над екипата од Лига Два, Њупорт Каунти во второто коло од Лига купот. На 16 октомври, Броја го постигнал својот прв гол во Премиер лигата за клубот во победата од 1–0 против Лидс Јунајтед.
Репрезентативна кариера И покрај тоа што е роден во Англија, Броја одбрал да игра за репрезентацијата на Албанија поради потеклото на неговите родители.
Во текот на 2019 година, тој одиграл 3 натпревари и постигнал еден гол за репрезентацијата под 19 години, а потоа истата година дебитирал и за репрезентацијата под 21 година.
Во мај 2019 година, Броја добил повик во сениорската репрезентација на Албанија да се приклучи на тренинг кампот во Драч, Албанија од 21 до 26 мај 2019 година. На 7 септември 2020 година, тој го направил своето деби во поразот на домашен терен со 1–0 против Литванија. На 5 септември 2021 година, Броја го постигнал својот прв сениорски гол во квалификациите за СП 2022 против Унгарија, помагајќи му на својот тим да победи со 1-0.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статиистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 16 мај 2021.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол мар.-јун. 2020 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0 2020-2021 ЕД 30 10 КХ 4 1 - - - - - - 34 112021-2022 ПЛ 6 2 ФАКуп+ЛК 0+1 0+2 - - - - - - 7 4Вкупно во кариерата 37 12 5 3 0 0 - - 42 15
Наводи
Надворешни врски
Армандо Броја на soccerway Армандо Броја на transfermarkt Армандо Броја на espn Армандо Броја на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Барнли Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 2001 година