Брежанско Градиште — археолошко наоѓалиште кај охридското село Брежани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од доцната антика.

Наоѓалиштето се наоѓа во месноста Градиштено, на околу 2 км воздушна линија југозападно од селото. На зарамнетиот шумски терен, со надморска височина од 1.279 м, се забележуваат остатоци од бедем што се протега во правец исток-запад (со отстапување југоисток-северозапад) граден од камен со средни димензии и варов малтер.

Поврзано Градиште - Кула — населба од железното и хеленистичкото време Во Селото — населба од неолитот Широко Гариште — топилница од римското време

Наводи