Кулишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Куратица. Претставува утврдена населба од доцната антика.

Помеѓу третиот и четвртиот километар покрај патот Прентов Мост - Куратица (околу 1,5 км јужно од селото) се издига висок рид со зарамнет врв, издолжен во правец север-југ и со површина од 150 × 200 м. По рабовите на платото се забележуваат остатоци од темели на бедем граден од обработен и кршен камен врзан со варов малтер, а во неговата внатрешност темели од помали градби. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси.

Според кажувањето на жителите, биле наоѓани монети кои на едната страна ги имале буквите „М“ и „К“.

Поврзано Горно Село — средновековна црква и некропола Манастириште — средновековна црква Трно Селиште - Аноите — средновековна населба Ќуле - Градиште — средновековна кула

Наводи