Областа Бени Суејф ( ) ― една од областите (гувернерства) на Египет. Се наоѓа во средиштето на земјата.
Преглед Главен град на оваа област е градот Бени Суејф, кој се наоѓа на околу 120 км јужно од Каиро на западниот брег на реката Нил. Областа е добро позната во Египет по фабриките за цемент. Блиската пирамида Мејдум е единствената истакната туристичка знаменитост во областа.
Поради различните начини на препишување на правописот, таа може да биде позната и како Бени Суеф или Бени Суаиф/Сваиф.
Стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.
Општински единици Областа е поделена на следните општински единици за административни цели со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 3.171.186. Во некои случаи, еден марказ и кисма делат име. +Општински единици Име Арапско име Арапска (латинична) транслитерација Население(проценки од јули 2017) Вид Ел Фашн 470.846 Марказ Ел Уаста/Васта 493.368 Марказ Бени Суејф 235.867 Кизам (целосно урбана) Бени Суејф 431.278 Марказ Биба 469.488 Марказ Ихнасија 391.721 Марказ Нов Бени Суејф 27.873 Кизам (целосно урбана) Насер 373.510 Марказ Сумуста Ел Вакф 277.235 Марказ
Население Според проценките на населението од 2015 година, мнозинството жители во областа живеат во рурални места, со стапка на урбанизација од само 23,2%. Од проценетите 2.856.812 луѓе кои живеат во областа, 2.193.871 луѓе живеат во руралните места наспроти само 662.941 во урбаните места.
Индустриски зони Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:
Индустриска зона Ком Абу Ради Индустриска зона Бајад Ал Араб Индустриска зона 31-1 Индустриска зона 31-2 Индустриска зона 31-3 Индустриска зона 31-4 Габал Гареб - тешка индустрија Нова индустриска зона Бени Суејф
Наводи
Надворешни врски
Музејот Бени Суеф до зградата на гувернерот „Вести на Ел Уатан“ - вести за Областа Бени Суејф
Категорија:Области во Египет Категорија:Статии со извори на арапски (ar) Категорија:Координати на Википодатоците