Јанко Георгиев - македонски зограф, претставник на Дебарската школа.

Биографија Потекнува од големиот зографски род Рензовци од дебарското мијачко село Тресонче. Син е на Георги Дамјанов, од кого го изучил занаетот. Работел со брата си Јаков и братучедите Даме и Иван Андреев и Петар и Атанас Николови под раководство на татко си и чичковците, кои исто така биле познати зографи.

Заедно со брат си Јаков ги изградиле црквите во Крајници, „Св. Константин и Елена“ во Оморани (1894), манастирот „Свети Архангел Михаил“ кај Горно Чичево и други.

Умира во 1881 година.

Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Македонски зографи