Старо Село — археолошко наоѓалиште во охридското село Пештани. Претставува населба од средниот век.
По површината на нивите и лозјата, кои се на североисточниот крај на селото во месноста Горно Село се среќаваат фрагменти од керамички садови и грамади од градежен материјал. На одделни места се препознаваат остатоци од основи на градби.
Постои предание дека на ова место било старото село Пештани.
Поврзано Градиште — утврден логор, каструм од римско време Залив на Коските — наколна населба од бронзеното и раножелезното време Црквиште — средновековна црква Џамиште — средновековна црква
Наводи