Градиште II — градиште од доцноантичкото време. На 8 километри југоисточно од месноста Црногорец се издига висок рид на чие зарамнето плато се гледаат делови од одбранбен бедем кој оградува простор од 12 × 80 метри. Во внатрешноста на градиштето има темели од помали објекти, како и многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Бабини Колиби (Чаплаковски Колиби) — населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква; Градиште I — градиште од доцноантичкото време; Рабуш — населба од доцноантичкото време; и Црква — старохристијанска црква.
Наводи
Категорија:Двориште (Беровско)