Заум — археолошко наоѓалиште кај охридското село Трпејца. Претставува осамени наоди од старохристијанско време и населба од средниот век.
Во црквата „Св. Богородица Заумска“, која се наоѓа во југозападното подножје на ридот Осој, на источниот брег на Охридското Езеро и помеѓу селата Трпејца и Љубаништа, се вградени делови од архитектонска декоративна пластика. Имено, два капитела украсени со акантови лисја се поставени на олтарните столбови, а импост-капители од бел мермер на западните столбови.
Во 1960 г. во дворот на црквата случајно бил откопан импост-капител од бел мермер. При копањето на дупки за садење овошни дрвја, во северниот крај на дворот биле откриени остатоци од куќи — земјанки, речиси со кружен облик во основата.
Поврзано Глајшо - Селиште — средновековна населба Градиште - Осој — средновековна тврдина Кале — населба од доцноантичкото време Црна Пеш - Крстон Заб — населба од неолитско време
Наводи