Мамино — археолошко наоѓалиште кај гевгелиското село Ѓавато, Општина Богданци. Претставува утврдена населба од доцната антика.
На 4 км северно од селото, на висок рид со зарамнето плато, кој доминира над околината, се забележуваат темели од одбранбен бедем кои на некои места достигнуваат височина и до 1,20 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Најдени се и монети од VI век.
Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.
Поврзано Молникот — населба од средниот век Рамниште — населба од доцнантичко време Селиште — сакрален објект од средниот век
Наводи