Ахил Чаловски (, - ) — македонски фармацевт.
Животопис десно|мини|250x250пкс| Аптеката „Вера“ на Ахил Чаловски во Битола, 1930-ти. Фотографија на браќата Манаки Роден е во Битола во 1887 година. По завршувањето на локалната битолска машка гимназија, се приклучил на ВМРО. Учествувал во Илинденското востание во летото 1903 година, во кое ја загубил ногата. Подоцна учел фармација на Американскиот универзитет во Бејрут, но дипломирал во Цариград. Во 1910 година отворил аптека во Битола, а во 1916 година кога заминал за Бугарија аптеката ја води неговиот брат Петар. Иако немал квалификации му било дозволено да ја работи заради потребата. По војната во 1920 година на Петар му била одземена лиценцата. Во 1921 година Ахил се вратил и повторно ја отворил аптеката. Во 1926 година ја преселил од спротивната страна на реката, кај рибарниците, каде што работел до своето пензионирање. Чаловски бил член на битолскиот огранок на Бугарските акциони одбори во 1941 година. Во подготовките за повлекувањето на Германците од Битола во есента 1944 година, тој бил вклучен во списокот од 16 заложници. Тие требало да обезбедат непречено повлекување на Германците од градот.Михаило Апостолски, АСНОМ, остварување на идеите за создавање на македонската држава и неговиот медународен одглас и одраз: симпозиум посветен на 30-годишнината од АСНОМ, Скопје, 23-25 октомври 1974 година, МАНУ, 1977, стр. 451.
Чаловски бил женет со Невена Мирчева, сестра на Кирил Мирчев. И бил татко на политичарката и поетеса Лилјана Чаловска.
Поврзано Лилјана Чаловска
Наводи
Надворешни врски Аптеката на Ахил Чаловски на Јутјуб
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Родени во 1887 година