Градиште II — градиште од доцноантичкото време и старохристијанска црква. Во пределот на Сливница, помеѓу селата Ратево и Двориште, на една мала ниска чука се зачувани остатоци од помало утврдување. Бедемот, од кој се зачувани само темелите, оградувал простор од 150 × 120 метри. По површината се забележуваат темели од објекти, фрагменти од керамички садови и питоси. На 200 метри јужно од бедемот има остатоци од мала старохристијанска црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште I — градиште и некропола од доцноантичкото време; Грамади — населба од доцноантичкото време; Жизница — населба од доцноантичкото време; Манастир — старохристијанска базилика; и Слатина — могила од доцноантичкото време.

Наводи

Категорија:Ратево