За наоѓалиштето во Струмичко, погл. Селиште (Ново Село, Струмичко).
Селиште — археолошко наоѓалиште кај скопското село Ново Село, Општина Зелениково. Претставува населба од римско време.
На левиот брег на Вардар, на блага падина покрај црквата „Св. Никола“ се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
Во дворот на црквата се наоѓаат столб, база и римски надгробен споменик со релјефна претстава на петчлено семејство.
Поврзано Рамниште — некропола од диоцноантичко време
Наводи