Свети Атанасиј – манастирска црква на Старавинскиот манастир.

Историја Црквата била изградена во 1860 година.„Старавина, Мариово – откријте ја приказната за Калеш Анѓа“. Оф Роуд - Македонија.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е доградена отворена припрата. Над влезот на црквата има ниша со застаклена фреска на Свети Атанасиј. На ѕидовите во припратата има врамени слики на коишто се прикажани: Преображението Христово, Свети Атанасиј, Богородица со Исус и Исус. Објектот е обоен во бела боја со ниско кафеаво цокле, а покриен е со кров од ќерамиди.

Внатрешноста на црквата не е зографисана, но е богата со бројни икони. Ѕидовите се обоени во сина боја со сиво цокле, а во нивните горни делови се закачени петокраки ѕвезди, што ја симболизира небесната шир. Иконостасот содржи еден ред икони над ѓаконските порти и царските двери. Лево од царските двери се прикажани Архангел Михаил и Богородица со Исус, додека од десната страна се Исус и Свети Јован Крстител. Во горниот ред икони од лево кон десно се претставени: Свети Ѓорѓи, Света Недела, Свети Антониј, Свети Лука, Свети Никола, Богородица Марија, Исус Христос, Свети Јован Крстител, Свети Петар, Свети Илија, Света Петка, Свети Василиј и Свети Димитриј. Во црквата има се наоѓа и дрворез на којшто е прикажан Свети Ѓорѓи како ја убива ламјата.

Галерија

Поврзано Старавински манастир Црква „Св. Атанасиј“ - Старавина (нова) Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Старавина Горна црква Старавина Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Старавинска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старавински манастир Категорија:Старавина Старавина