алт=Џосефин Асплунд Josefin Asplund|мини|Џосефин Асплунд Марија Џозефин Асплунд (15 октомври 1991) е шведска глумица. Таа е најпозната по нејзините улоги: Астрид во серијата „Викинзи“ на и Пернила Бломквист во „Девојката со тетоважа на змеј“ (2011).Josefin Asplund in Swedish Film Database Таа глумела во филмската адаптација од 2015 година на шведскиот роман „Кругот“.
Биографија Асплунд пораснала во предградијата на Стокхолм, Шведска, со нејзината мајка од Полска, татко Швеѓанец и постара сестра. Нејзините родители се развеле кога таа имала 7 години.
Асплунд почнала да глуми во локалниот театар блиску до нејзиниот дом на 6-годишна возраст, каде што учествувала во различни мјузикли сè до нејзините тинејџерски години. За време на нејзиното детство, сцената била едно од ретките места кои навистина се чувствувала како дома, искажа таа во интервју за Шведското радио.
Подоцна, Асплунд студирала глума во гимназијата Содра Латинс, дипломирајќи во 2010 година. Набргу потоа, таа била избрана за адаптацијата на „Девојката со тетоважа на змеј“ на Дејвид Финчер наспроти Даниел Крег. Таа одиграла една од главните улоги во филмската адаптација (2015) на најпродаваниот шведски роман „Кругот“ и се здобила со меѓународно признание преку нејзината улога како Астрид во серијата Викинзи. мини|Асплунд во 2019 година
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски глумци Категорија:Луѓе од Стокхолм