Вршник ― археолошко наоѓалиште во виничкото село Виничка Кршла. Претставува могила од римското време. На 200 м од селскиот пат за Виничка Кршла, од левата страна, и 800 м северозападно од наоѓалиштето Градиште 2 се наоѓа могила висока 5 м и со пречник во основата од 25 м, која е делумно оштетена.
Поврзано Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време; Градиште 1 — некропола и тумули од железното време; Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време; Ѓафурски Лозја — населба од римското време; Кршлански Гумења — некропола од железното време; Могила — населба и могила од римското време; Русалски Гробишта — некропола од железното време; Сушица — населба и некропола од римското време; Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време. Виничка Кршла Список на средновековни некрополи во Македонија
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Виница Категорија:Виничка Кршла