Медведица или Медвеѓица — археолошко наоѓалиште во кумановското село Руѓинце, Општина Старо Нагоричане. Претставува населба од средниот век.

На 1,5 км североисточно од селото, на левата страна од патот Куманово - Крива Паланка (А2), во селската утрина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. По сознание од 1996 г. по еден питос во своите дворови чуваат Ж. Димитровски и Г. Тасковски.

Поврзано Веља Страна — населба од железно време Градиште — утврдена населба од доцноантичко време Големо Рамниште — населба од средниот век

Наводи