Денот на Свети Кнут или празникот на Свети Кнут, е традиционален фестивал кој се слави во Шведска и Финска на 13 јануари. Не се слави на овој датум во Данска (денот на Кнут бил преместен во Шведска, а не во Данска) и покрај тоа што е именуван по данскиот принц Кануте Лавард, а подоцна исто така се поврзува со неговиот вујко, Светиот Кануте, заштитникот на Данска.
Божиќните елки се симнуваат на дваесеттиот ден од Божиќ , а се јадат бонбоните и колачињата кои го украсиле дрвото. Во Шведска, празникот што се одржува за време на овој настан се нарекува забава на Кнут ( буквално „Пљачкање на новогодишна елка“).
Потекло Кануте Лавард (Кнут Левард на шведски) бил дански војвода кој бил убиен од неговиот братучед и ривал Магнус Нилсон на 7 ми јануари 1131 година за да може да го езурпира данскиот престол. После неговата смрт имало граѓанска војна, што довело до тоа Кнут подоцна да биде прогласен за светец.
Бидејќи неговиот именден приближно се совпаѓа со Богојавление („тринаесеттиот ден од Божиќ“), Денот на Кнут и Богојавление биле изедначени до одреден степен. Во 1680 година, Денот на Кнут бил поместен на 13 јануари и станал познат како („дваесеттиот ден на Кнут/Божиќ“).
Финска Забележана е традиција која е донекаде аналогна на модерниот Дедо Мраз, каде млади мажи се облекувале како кози. Обично фустанот бил превртена крзнена јакна, маска од кожа или кора од бреза и рогови. За разлика од Дедо Мраз, бил застрашувачки лик (сп. Крампус). Мажите облечени како талкале од куќа до куќа, влегувале и обично барале храна од домаќинството и особено остатоци од алкохолни пијалаци.YLE: Nuutinpäivä korjaa joulun pois (in Finnish)
Во Финска традицијата сè уште е жива во областите на Сатакунта, Југозападна Финска и Остроботна. Меѓутоа, во денешно време ликот обично го играат деца и сега вклучува среќна средба.
Шведска Во Шведска, Денот на Свети Кнут го означува крајот на сезоната на Божиќ и празниците. Се слави со вадење на елката и танцување околу неа. Во денешно време празникот е главно за деца.
Наводи
Категорија:Шведска култура Категорија:Празници во јануари