Градиште — археолошко наоѓалиште кај велешкото село Згрополци, Општина Градско. Претставува градиште со некропола од римско време.
На 2 км јужно од железничката станица, на десната страна на Вардар има рид со зарамнето плато кое се протега во правец север-југ/исток запад. По површината се среќаваат грамади од градежен материјал, се гледаат остатоци од градби и керамички садови, а од западната страна на градиштето е откриена некропола.
Наодите се чуваат во Народниот музеј во Велес и во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Велешко
Наводи