мини|Кехкаан Басу ја освои Меѓународната детска награда за мир 2016 година Кехкаан Басу (родена на 5 јуни 2000 година) е емиратски активист за животна средина и човекови права. Таа исто така се залага за мир, права на децата, образование за одржлив развој, родова еднаквост и климатска правда. Таа е амбасадор за млади на Советот за иднината на светот, почесен советник на невладината организација Комитет за одржлив развој и е добитник на Меѓународната детска награда за мир во 2016 година.
Биографија Кехкашан е родена на 5 јуни.
На возраст од 8 години садела дрвја и ги организирала младите да рециклираат . На 11-годишна возраст, таа се обрати на конференцијата за деца и млади УНЗА која се одржа во Индонезија, а следната година постави рекорд како најмлад делегат што зборувал на прес конференцијата на Конференцијата на Обединетите нации за одржлив развој.
Таа ја основала Фондацијата Зелена надеж во 2012 година, со цел да ги подучи и имплементира Целите за одржлив развој (ЦОР) на ОН, преку основни активности како што е садење дрвја . Фондацијата, исто така, ги вклучува младите луѓе на глобално ниво во ЦОР преку проекти насочени кон заедницата за климатска правда, запирање на деградацијата на земјиштето, промовирање на одржлива потрошувачка и обновливи извори на енергија и зачувување на биолошката разновидност, како и родова еднаквост и социјална правда. Во моментов заедно со повеќе од 1000 членови, во Канада, Суринам, Блискиот Исток, Индија и Непал, организацијата работи спроведувајќи работилници и конференции околу имплементацијата на ЦОР.
Басу го посетувала Меѓународното училиште Деира во Дубаи. СЕ преселила во Канада за да студира и од 1 Декември 2020 година е студент на трета година на Универзитетот во Торонто отсек еколошки студии и специјализација во родови студии и физичка и еколошка географија.
Во 2017 година бјави книга со кратки раскази „Дрвото на надежта“, во соработка со илустраторката Карен Веб-Мик. Во книгата, една млада девојка создава оаза во пустина садејќи дрвја и убедувајќи ги пријателите да и помогнат.
Награди и признанија
Басу е признат како шампион на ОН за човекови права во 2016 година. Басу ја освои Меѓународната детска награда за мир во 2016 година. "2016 - Kehkashan Basu (16), UAE" . Басу е наведена како млад истражувач на Национална Географија,пролетта 2020 година. Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Матични мрежни места што не се на Википодатоците Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“