Цуцуло — населба од римското време и старохристијанска црква. На 2 километри северно од селото, на висок рид кој благо се спушта кон селото, на простор од 600 × 600 метри се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Во горниот крај на наоѓалиштето се откриени темели од старохристијанска црква.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Воднико — населба од неолитското време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Гробишта — старохристијанска црква со некропола; Караѓузлија — населба од римското време; Кремениште-Селиште — населба од римското време; Манастир — старохристијанска црква; Мачево — населба од хеленистичкото време; Мачевски Чуки — могили од римското време; Могила — могила од римското време; и Человеко — могила од римското време.

Наводи

Категорија:Мачево