Семениште — археолошко наоѓалиште во скопското село Семениште. Претставува осамен наод од римското време. Во атарот на селото била пронајдена мермерна плоча со димензии 28 × 27 × 2 см, со релјефна претстава на тракиски коњаник. Споменикот се чува во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Семениште; Список на археолошки наоѓалишта во Скопско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи