Свети Ѓорѓи — главна манастирска црква на Градишкиот манастир во кумановското село Градиште, Македонија.

Градишкиот манастир се вбројува меѓу културните знаменитости на Македонската преродба.

Местоположба

Црквата е изградена под возвишението Врв на Градиштанска Планина, јужно од селото Градиште. До нејзе води асфалтен пат од селото.

Историја

Подигната е врз темелите на старохристијански храм во рамките на доцноантичката тврдина Градиште (Градишки В’р). Ферманот за неговата обнова е издаден во 1864 година од султанот Абдул Азис. Изградбата на новиот манастир започнала во 1866 година во времето на кумановскиот управник Мехмед Назиф-паша и е завршена во 1868 година.

Со создавањето на Бугарската егзархија во 1871 година и обидите за бугарска пропаганда, храмот успеале да го заземат српските пропагандисти на Цариградската патријаршија и го држеле сè до 1896 година кога бил затворен. Во 1905 година е предаден на бугарската општина, со што завладеало бугарското црковно врховенство.

Архитектонски опис

Во архитектонски поглед црквата претставува триконхален храм со една купола — единствен таков пример во Кумановско. Изградена е во византиски стил со редење на делкани камења и тули. Фасадите се оживеани со хоризонтални разделни венци. Во октомври 1978 година е реновирана неговата надворешност, а во 2001 година е обновена и внатрешноста, малтерисувајќи ги ѕидовите на трите конхи. Во 2003 година црквата е малтерисана и однадвор.

Живопис и икони

Во храмот има само еден фрескопис од 2005 година — дело на Среќко Андоновски-Челик. Иконите од стариот иконостас, изработени во темперна техника од непознат автор, се изложени во Галеријата на икони во Куманово. Иконите на сегашниот дрвен иконостас се дело на Димитар Андонов Папрадишки од 1937/38 година. Иконостасот е висок колку царските икони, на кои фигурите нетипично се претставени во полн раст.

Галерија

Поврзано Градиште (Кумановско) Кумановско-осоговска епархија Кумановско архијерејско намесништво Клечовска парохија Галерија на икони (Куманово)

Наводи

Надворешни врски

Градиште Категорија:Градишки манастир