Хилма аф Клинт (; – ) — шведска уметница и мистик чии слики се сметале за првите апстрактни дела познати во историјата на западната уметност. Значителен дел од нејзината работа претходи на првите чисто апстрактни композиции на Кандински и Мондријан. Таа припаѓала на групата наречена „Петтемина“, која сочинувала круг на жени инспирирани од Теозофијата, кои споделуваа верување во важноста да се обидат да контактираат со таканаречените „Високи мајстори“ - често по пат на сеанси.Bashkoff, T., ed., et al., Hilma Af Klint (New York: Solomon R. Guggenheim Museum, 2018). Нејзините слики, кои понекогаш личат на дијаграми, биле визуелен приказ на сложени духовни идеи.Bashkoff, Tracey, Hilma af Klint: Paintings for the Future, ArtBook, 2018

Ран живот мини|Ефтерсомар (Доцно лето) рано натуралистичко дело, насликано од Аф Клинт во 1903 година, пример за делата што таа ги изложувала на јавноста за време на нејзиниот живот Хилма аф Клинт била четврто дете на Матилда аф Клинт (родена Зонтаг) и капетанот Виктор аф Клинт, шведски поморски командант, и таа ги поминувала летата со своето семејство во нивниот имот, „Ханмора“, на островот Аделсе на езерото Маларен. Во ова идилично опкружување, таа стапила во контакт со природата во рана фаза од нејзиниот живот, а длабоката поврзаност со природните форми требало да биде инспирација во нејзината работа. Подоцна во животот, Хилма аф Клинт живеела постојано на Мунсо, остров веднаш до Аделсе.

Од нејзиното семејство, Хилма аф Клинт наследила голем интерес за математиката и ботаниката. Таа покажала рана способност во визуелната уметност и, откако семејството се преселила во Стокхолм, студирала на Техничка школа во Стокхолм (Констфак денес), каде научила портрет и пејзаж.

Таа била примена на Кралската академија за ликовни уметности на дваесетгодишна возраст. Во текот на годините 1882-1887 година студирала главно цртање, портретно сликарство и пејзажно сликарство. Таа дипломира со почести и и била доделена стипендија во форма на студио во т.н. "зграда на Ателјеа" сопственост на Академијата за ликовни уметности помеѓу Хамнгатан и Кунстрагарден во центарот на Стокхолм. Ова бил главниот културен центар во шведскиот главен град во тоа време. Во истата зграда се наоѓало и Бланш Кафе и уметничката галерија, каде што постоел конфликт помеѓу конвенционалниот уметнички поглед на Академијата за ликовни уметности и опозициското движење на „Уметничкото друштво“ инспирирано од француските сликари кои сликале надвор. Хилма аф Клинт започнала да работи во Стокхолм, добивајќи признание за нејзините пејзажи, ботанички цртежи и портрети.

Нејзиното конвенционално сликарство станало извор на финансиски приход, но нејзиното „животно дело“ останало сосема посебна практика.Cattelan, M., Gioni, M., & Subotnick, A., eds., Charley, Issue 5 (New York: D.A.P., 2007).

Духовни и филозофски идеи мини|aф Клинт во нејзиното студио, о. 1895 година Во 1880 година починала нејзината помлада сестра Хермина, и токму во тоа време почнала да се развива духовната димензија на нејзиниот живот. Нејзиниот интерес за апстракција и симболика потекнува од инволвираноста на Хилма аф Клинт во спиритизмот, многу модерен на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Нејзините експерименти во духовното истражување започнале во 1879 година. Таа се заинтересирала за теозофијата на Мадам Блаватска и филозофијата на Кристијан Розенкројц. Во 1908 година таа го запознала Рудолф Штајнер, основачот на Антропозофското друштво, кој бил во посета на Стокхолм.Gaze, D., Concise Dictionary of Women Artists (Abingdon-on-Thames: Routledge, 2001), p. 413. Штајнер ја запознал со неговите сопствени теории во врска со уметноста и ќе има одредено влијание врз нејзините слики подоцна во животот. Неколку години подоцна, во 1920 година, таа повторно го сретнала во Гетеанум во Дорнах, Швајцарија, седиштето на Антропозофското друштво. Помеѓу 1921 и 1930 година поминала долги периоди во Гетеанум.

Работата на Аф Клинт може да се разбере во поширокиот контекст на модернистичката потрага по нови форми во уметничките, духовните, политичките и научните системи на почетокот на дваесеттиот век.Liam Taft – Invisible art: rediscovering the work of Hilma af Klint National Student, April 19, 2017 Сличен интерес за духовноста имале и други уметници во текот на истиот период, вклучувајќи ги Василиј Кандински, Пит Мондријан, Казимир Малевич и францускиот Набис, во кој многумина, како и Аф Клинт, биле инспирирани од Теозофското движење. Сепак, уметничката транзиција кон апстрактната уметност и нефигуративното сликарство на Хилма аф Клинт би се случиле без никакви контакти со современите модерни движења.

Делата на Хилма аф Клинт се главно духовни, а нејзината уметничка работа е последица на ова.[Hilma af Klint – Painting the Unseen Serpentine Galleries, 2016. , p.24]

Хилма аф Клинт била целосно свесна за големината на нејзината работа. Никогаш не требало да биде едноставно визуелна. Пораката шифрирана во делото е нејзино наследство. Апстрактното дело и значењето внатре биле толку револуционерни што таа почувствувала дека светот не е подготвен да го види, и посакала делото да остане невидено 20 години по нејзината смрт.

Дело мини|Примордијален хаос, бр. 16, 1906-07 На Академијата за ликовни уметности ја запознала Ана Касел, првата од четирите жени со кои подоцна работела во „Петтемина“, група уметници кои ги споделувале нејзините идеи. Другите членови биле Корнелија Седерберг, Сигрид Хедман и Матилда Нилсон. „Петтемина“ го започнале своето здружување како членови на Друштвото Еделвајс, кое ја прифатило комбинацијата на теозофските учења на Хелена Блаватска и спиритизмот. Сите биле заинтересирани за паранормалното и редовно организирале спиритистички сеанси. Секој состанок го отворале со молитва, по што следела медитација, христијанска проповед и преглед и анализа на текст од Новиот завет. После тоа би следела сеанса. Тие запишале во книга сосема нов систем на мистична мисла, во форма на пораки од повисоките духови наречени Високи мајстори. Еден, Грегор, изјавил: „Целото знаење што не е од сетилата, не од интелектот, не од срцето, туку е сопственост што исклучиво му припаѓа на најдлабокиот аспект на вашето битие... знаењето на вашиот дух“.Heiser, J., & Higgie, J., eds., Frieze: Contemporary Art and Culture, Vols 88-91 (London: Durian Publications, 2004).

Преку нејзината работа со Петтемина, Хилма аф Клинт создала експериментално автоматско цртање уште во 1896 година, водејќи ја кон инвентивен геометриски визуелниот јазик способен за конципирање на невидливи сили и на внатрешниот и надворешниот свет.  Таа ги истражувала светските религии, атоми и растителниот свет и опширно пишувала за нејзините откритија. Како што се запознала со оваа форма на изразување, Хилма аф Клинт добила задача од Високите мајстори да ги создаде сликите за „Храмот“ - но таа никогаш не разбрала на што се однесува овој „Храм“.

Хилма аф Клинт почувствувала дека ја насочува сила која буквално ќе ја води нејзината рака. Таа во својот тефтер напишала:Сликите беа насликани директно преку мене, без никакви прелиминарни цртежи и со голема сила. Немав поим што би требало да прикажуваат сликите; сепак работев брзо и сигурно, без да сменам ниту еден потег на четката.Во 1906 година, по 20 години уметнички дела и на 44-годишна возраст, Хилма аф Клинт ја насликала својата прва серија апстрактни слики. мини|Сванен ( Лебедот ), бр. 17, група 9, серија SUW, октомври 1914 - март 1915 година, дело кое никогаш не било изложено за време на животот на Клинт Делата за Храмот биле создадени помеѓу 1906 и 1915 година, извршени во две фази со прекин помеѓу 1908 и 1912 година. Додека Хилма аф Клинт ја открила својата нова форма на визуелен израз, таа развила нов уметнички јазик. Нејзиното сликарство станало поавтономно и понамерно. Духовното ќе продолжи да биде главниот извор на креативност во текот на остатокот од нејзиниот живот.

Колекцијата за Храмот е 193 слики, групирани во неколку под-серијали. Главните слики, датирани од 1907 година, се исклучително големи: секоја слика е приближно 240 x 320 см. Оваа серија, наречена Десетте најголеми, ги опишувала различните фази од животот, од раното детство до староста.

Сосема настрана од нивната дијаграмска намена, сликите имаат свежина и модерна естетика на пробна линија и набрзина доловена слика: сегментиран круг, спирала пресечена и поделена на спектар на лесно обоени бои. Уметничкиот свет на Хилма аф Клинт е исполнет со симболи, букви и зборови. Сликите често прикажуваат симетрични двојности или реципроцитети: горе-долу, внатре и надвор, земно и езотерично, машко и женско, добро и зло. Изборот на боја е метафоричен: сината го означува женскиот дух, жолтата за машкиот и розовата/црвената за физичката/духовната љубов. Лебедот и Гулабот, имињата на двете серии на Слики за храмот, се исто така симболични, односно претставуваат трансценденција и љубов. Сфатени како порти кон други димензии, нејзините слики повикуваат на интерпретација на наративно, езотерично и уметничко ниво, притоа предизвикувајќи исконска геометрија и хуманистички мотиви.

Кога Хилма аф Клинт ги завршила делата за Храмот, духовното водство завршило. Сепак, таа продолжила да се занимава со апстрактно сликарство, сега независно од какво било надворешно влијание.Fiore, J., "How the Swedish Mystic Hilma af Klint Invented Abstract Art", Artsy, October 12, 2018. Ако сликите за храмот биле претежно слики во масло, таа сега користела и акварели. Нејзините подоцнежни слики се значително помали по големина. Таа, меѓу другото, насликала серија што ги прикажува ставовите на различните религии во различни фази во историјата, како и претстави на двојноста помеѓу физичкото битие и неговата еквивалентност на езотерично ниво. Додека Хилма аф Клинт го следеше своето уметничко и езотерично истражување, можно е да се согледа одредена инспирација од уметничките теории развиени од Антропозофското друштво од 1920 година наваму.

Низ нејзиниот живот, Хилма аф Клинт се обидела да ги разбере мистериите со кои дошла во контакт преку нејзината работа. Со своите мисли и студии изработила повеќе од 150 тетратки.