Свети Никола (или Света Петка) — главна селска црква во кумановското село Бељаковце, Македонија.
Црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба, целосно обрасната и покриена од вегетација.
Местоположба
Црквата се наоѓа во Чифлачкото Маало, во стариот дел на Бељаковце, сместено на левиот брег на Крива Река. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на училиштето, кое било подигнато пред крајот на отоманскиот период.
Историја
Според зачуваниот натпис, црквата е изградена и живописана во 1605 – 1606 г. од ктиторот, презвитер Ѓурка.
Црквата била подновена во 1901 година.
Архитектура
Храмот претставува еднокорабна гробишна црква. Истата била изградена од камен, а нејзиниот покрив бил од плочи.
Фрескоживопис
мини|лево|250п|Натпис од подновата во 1901 г.
Дел од живописот е прекриен со подоцнежни слоеви.
При обновувањето на црквата во 1901 година, бил нацртан и нов живопис, кој бил дел на Атанас Николов од Велес.
За ова сведочи натписот:
Иконостас
Имала ѕидан и веројатно и живописан иконостас.
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Клечовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Бељаковце Категорија:Бељаковце