Свети Атанасиј Велики — главна селска црква во кумановското село Кокошиње, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Кокошиње. До 1913 година, покрај црквата се наоѓале селските гробишта, кои подоцна биле преместени под селото.
Историја
Црквата е изградена во 1842 година.
Архитектура
Претставува трикорабен бескуполен храм.
Фрескоживопис
Живописана е од истакнатите мајстори Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес. Насликани се сцени од Стариот завет.
Иконостас
Има позлатени резбани царски двери.
Галерија
Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Клечовска парохија
Наводи
Надворешни врски
Кокошиње