Градиште — градиште од доцноантичкото време. На 3 километри источно од Џами Тепе, на висок рид се наоѓаат остатоци од утврдена населба. На зарамнетото плато со површина од 150 × 120 метри, по рабовите се гледаат остатоци од бедемот, а во внатрешноста, темели од мали објекти. По целиот простор на градиштето се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ан — населба од доцноантичкото време; Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква; Дунковец — могила од римското време; Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време; Плашица — населба и викус од доцноантичкото време; Терзиевец — населба од доцноантичкото време; Црквиште I — старохристијанска црква; Црквиште II — старохристијанска црква; Чука — градиште од доцноантичкото време; и Џами Тепе — средновековна црква.

Наводи

Категорија:Русиново