Лимпа (со значење: леб) е сладок скандинавски ’ржан леб, често употребуван во шведската кујна.; Тоа е леб од разни зачини и квасец, засладен со кафеав шеќер и меласа, кој доаѓа во голема разновидност во однос на тоа дали е збогатен со путер или не, и кои зачини се користат. Традиционални зачини за лебот се анасон, ким, семки од анасон и горчлив портокал . Обично се послужува за време на божиќната сезона и се зачинува со анасон, ким, а често и кора од портокал, суво грозје и кантарион. Претставува традиционално јадење и за Бадник.; Лебот Лимпа добро се комбинира и со џемови, желе или крем сирење.

Подготовка десно|мини| Леб од кантарион замрзнат во боите на шведското знаме за Националниот ден на Шведска, 2007 година Првиот чекор за правење на лебот е меласата, кафеавиот шеќер, семките од ким, кантарионот да зовриат, а потоа да се додадат путерот и кората од портокал. Откако оваа смеса ќе се излади на млака температура се соединува со активиран квасец и р'жано брашно. Отакако тестото ќе стаса се додава уште брашно за да се замеси тестото како подготовка за второ нараснување, па се премачкуваат врвовите со растопениот путер, па се печат. Во некои рецепти се додава и смесата од меласа на сувите состојки откако ’ржаното брашно ќе се попари со топла вода.

Состојки Историски гледано, овој леб бил квасен леб со ферментиран кантарион, па оттука доаѓа и неговото шведско име vörtlimpa или vörtbröd („леб од кантарион“). Во други рецепти понекогаш сè уште користат темно пиво како состојка.

Рецептите се различни, некои го заменуваат кимот со кардамон или ја испуштаат кората од портокал; а во САД најчеста форма е ароматичниот леб од портокал и зачини.

Меласата и ја дава бојата на кафеавиот леб. Други брашна измешани со ’рж, во зависност од рецептот, може да вклучуваат и пченкарно брашно, пченично брашно или брашно за сите намени. За да се додаде вкус на портокал, може да се користи портокалово масло или кора од портокал. Иако не е строго традиционално во областа на потеклото на северна Шведска, во некои варијации на основниот рецепт може да се додаде и суво грозје или сливи. Сепак, ова е традиционално во јужна Шведска, каде лебот од кантарион бил усвоен подоцна.;

Наводи

Категорија:Скандинавска кујна Категорија:Божиќна кујна Категорија:Шведска кујна