Свети Никола — главна селска црква во кумановското село Рамно, Македонија.

Црквата моментално е руинирана со срушен покрив и обрасната целосно во вегетација.

Местоположба

Црквата се наоѓа на месноста Селиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта, а недалеку се наоѓа и основното училиште.

Историја

Црквата била подигната по Првата светска војна, иако според некои други податоци таа била изградена во 1888-1890 година.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е живописана во внатрешноста.

Икони и иконостас

Иконостасот е насликан во 1920-тите од Трајко Муфтински, еден од доајените на македонското сликарство.

Галерија

Поврзано Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Карпинско-жегљанска парохија Рамно

Наводи

Надворешни врски

Рамно